РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Истражувањата покажуваат дека 50% од возачите кои животот го загубиле во сообраќајна незгода, загинале поради тоа што не користеле појас, односно  истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода дури  за 50%.

Возачите и патниците мора да сфатат дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за нивна лична безбедност и заштита на нивниот живот и нивното здравје.  Во случај на сообраќајна незгода,  сигурносниот појас го  забавува  и го спречува  движењето на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир и на тој начин последиците од сообраќајната незгода во значаен дел се амортизираат.

Основната цел на користењето на сигурносниот појас е да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир и  да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и на тој начин да се спречат повредите поради контакт со внатрешните делови од автомобилот.

Доколку возачот односно патникот не користи сигурносен појас може да настанат повеќе видови на повреди кои многу често се фатални. Како најчести видови и начини на повреди  се издвојуваат:

•          При некористење на појас, долниот дел на телото се лизга напред, колената удираат во долниот дел од предната маска. Како последица се јавуваат скршеници на нозете и комплицирани повреди на колената кои најчесто завршуваат со траен инвалидитет.

•          Горниот дел од телото се придвижува нанапред, главата удира во горниот дел на каросеријата. Последица, тешка повреда на главата, неретко последиците се фатални.

•          Главата удира на предното стакло, го крши или удира во таванската конструкција. Градниот кош налетува на воланот. Последици се повреди на главата, лицето и на очите, како и прелом на градниот кош. Повреди кои најчесто се фатални.

•          Вратот и лицето паѓаат на воланот, главата удира во предно ветробранско стакло, а последиците се прелом на черепот, скршени ребра и тешко внатрешно крвавења. Сериозни и тешки живото загрозувачки повреди.

•          Главата се враќа назад и се зафрла зад седиштата. Последиците се кршење на вратните пршлени на рбетниот столб. Исто така сериозни повреди со фатален исход.

Најдобро е да бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот  и на тој начин да го намалите ризикот од сообраќајни незгоди. Со оглед на тоа дека ризикот од сообраќајни незгоди не може да се елиминира целосно, важно е да знаете дека многу сериозни и живото загрозувачки повреди  може да бидат избегнати  доколку редовно користете појас.

Затоа РСБСП со апел:  Биди паметен! Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

реклама

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Во Словенија лекуваат COVID-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Read more

Дали јаболковиот оцет помага за слабеење?

Read more

Пред и потоа: Прекрасни трансформации само со промена на фризурата

Read more

Авто новости

Ретка ѕверка: Zagato IsoRivolta GTZ ќе се произведе во само 19 примероци

Read more

Sony ќе тестира електричен автомобил

Read more

Суперспортскиот модел на Mercedes сега развива 530 коњски сили

Read more

Поглед во освежениот BMW M5

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Ретка ѕверка: Zagato IsoRivolta GTZ ќе се произведе во само 19 примероци

Читај повеќе
  • play_arrow

Sony ќе тестира електричен автомобил

Читај повеќе
  • filter

Суперспортскиот модел на Mercedes сега развива 530 коњски сили

Читај повеќе
  • filter

Поглед во освежениот BMW M5

Читај повеќе

Елон Маск: Tesla автомобилите се прескапи, потребен е поевтин модел

Читај повеќе

Nissan го подготвува новиот електричен SUV

Читај повеќе

Mitsubishi прекинува со испораката на нови модели во Европа

Читај повеќе

Најавен новиот Rolls-Royce Ghost

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот Mercedes-AMG GT R Pro

Читај повеќе