Русија повторно ѝ се закани на Литванија за Калининград

Русија испрати нова закана до Литванија преку портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, откако балтичката земја деновиве го забрани преминувањето на стоки што се под санкции од ЕУ кон руската енклава Калининград, што ја налути Москва.

– Се надевам дека претставниците на Литванија имаат остатоци од некаков професионализам во проценката на ситуацијата. Тие мора да ги разберат последиците, а последиците, за жал, ќе дојдат, рече Захарова во емисијата „Соловьев LIVE“, пренесоа руските медиуми.

Захарова однесувањето на Вилнус го оцени за „агресивно непријателско“. Според неа, Литванија отиде „дури и надвор од границите на однесување, што е спротивно на меѓународното право“.

– Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја тргнат настрана и да се преправаат дека не се проблеми, додаде Захарова.

Таа нагласи дека „провокациите на Литванија ќе доведат до соодветна реакција од Москва“.

Калининград е руска енклава која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија и до која Русија има само поморски и воздушен пат.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе