Русија тврди дека го уништила последниот воен брод на Украина

Макфакс
/ 31.05.2023 / 15:22

Русија го уништи последниот воен брод на поморските сили на Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Како што пренесува РИА новости, бродот „Юрій Олефіренко“ бил уништен на 29 мај во црноморското пристаниште Одеса.

„На 29 мај, како резултат на напад со високопрецизно оружје на руските воздухопловни сили, беше уништен последниот воен брод на воено-поморските сили на Украина, ‘Юрій Олефіренко’, во пристаништето во Одеса“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Тврдењето на Москва сè уште не е потврдено зашто официјален Киев сè уште нема излезено со коментар, а и портпаролот на украинските поморски сили, Олех Чалик, одбил да ги коментира тврдењата на Москва велејќи дека украинската морнарица не објавува никакви информации за загубите во војната.

Украинската војска во понеделникот само потврди дека во силните руски воздушни напади била запалена и оштетена инфраструктурата во пристаништето Одеса, кое, покрај поморската база, е клучен центар за извоз на жито.

Во соопштението беше наведено дека во нападите биле онеспособени и пет авиони на украинското воздухопловство во западниот дел од земјата.

Јужната команда на украинската војска соопшти дека ја проценува штетата.

„Юрій Олефіренко“, средно голем десантен брод за војници и воена механизација, првично бил дел од поморската флота на СССР, на која ѝ се приклучил во 1971 година, а во 1996 година станал дел од украинската армија.

Првин наречен „Кировохрад“, бродот бил преименуван во 2016 година во чест на украинскиот маринец Јуриј Олефиренко убиен во близина на југоисточното пристаниште Мариупол во 2015 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликуваше неговиот екипаж во јуни 2022 година.

За потсетување, руската армија во последните денови изведе повеќе ракетни напади врз важни командни центри на Украина, вклучително и центри на воено-разузнавачките служби, како што изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин.

Според рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, Украина во мај изгубила повеќе од 16.000 војници.

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Свет

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Read more

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Read more

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Read more

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе