СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ЈАПОНИЈА 2019

Русинките газат, ја средија и Црна Гора

Русија е прв полуфиналист, победи денеска остварија и ракометарките на Шпанија и Шведска, додека домаќините доживеаја елиминација.

Ракометарките на Русија ја забележаа седмата победа од 7 натпревари на Мундијалот во Јапонија продолжувајќи немилосрдно да итаат кон титулата.

Денеска со 7 разлика ја средија репрезентацијата на Црна Гора која ги загуби шансите за пласман во полуфиналето. Јулија Манагарова со 12 и Јарослава Фролова со 10 голови беа незапирливи за Црногорките кај кои поранешната вардарка Јованка Радичевиќ се истакна со 8 погодоци.

Русија - Црна Гора 35:28

Домаќинот Јапонија пружи силен отпор против Шпанија, но на крајот сепак загуби. Јапонките не успеаја да дојдат ниту до шанса да се борат за петтото место за што им беше потребна победа денес. Шпанките со овие два бода во последното коло треба само да не загубат од моќната Русија за да продолжат во полуфиналето.

Јапонија - Шпанија 31:33

Швеѓанките со 12 разлика си поиграа со немоќната Романија, но не им оди во прилог победата на Шпанија. Во последното коло ќе мора да ја победат Црна Гора и притоа да се надеваат дека Русија ќе ја продолжи победничката серија и ќе слави над Шпанија. За потсетување, Шпанија и Шведска пред два дена одиграа нерешено 28:28.

Шведска - Романија 34:22

Последното коло во оваа група 2 се игра утре, а се среќаваат:

Шпанија - Русија
Романија - Јапонија
Црна Гора - Шведска

Табела:
1. Русија 8
2. Шпанија 7

3. Шведска 5
4. Црна Гора 4
5. Јапонија 0
6. Романија 0

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе