Русите гледаат пиратски копии на филмови во кино и никој не ги обвинува за тоа

Целата кино индустрија е на работ на колапс, според TorrentFreak 127 руски киносали прибегнале кон пиратерија. Пред неколку недели околу 16 кина прикажуваа пиратски копии од последните холивудски филмови, а минатава недела бројот се искачи на 127.

Веднаш по почетокот на војната со Украина, најголемите филмски студија си заминаа од Русија. Без оглед на богатата руска кинематографија, Асоцијацијата на филмски работници и установи во оваа земја соопшти дека ова може да биде пресилен удар за сите кои работат во седмата уметност.

Најголемите филмски студија од Холивуд како Sony, Paramount, Warner Bros. и Disney се повлекоа од Русија, а си заминаа и стриминг сервисите како Netflix и Spotify.

Веќе пет месеци трае руската инвазија во Украина, а последиците се чувствуваат глобално. Освен човечки жртви, економска и светска криза, енергетска криза и слично, последици има и во филмската индустрија.

Претседателот на Асоцијацијата, Алексеј Воронков сега вели дека не ги обвинува кината за прикажување пиратски копии. Според сознанијата на TorrentFreak, неколку градови веќе преминаа на торент извори на холивудски блокбастер филмови.

Нема податоци за тоа кој стои зад илегалните прикажувања во кината, особено затоа што некои од нив тврдат дека не се организатори на пиратски проекции туку поединци ги прикажуваат во склоп на приватни организации „со кои управата на киното нема директна врска“.

Асоцијацијата на филмски работници во Русија претходно го осуди ваквиот развој на работите и наведе во соопштение дека „земјата се враќа во состојба на 90-тите години од минатиот век“.

Многумина сметаат дека Русите едноставно се принудени на ова, но сепак ништо не го оправдува ваквото однесување кое е кршење на авторските и другите права, па не е јасно дали и кој ќе одговара за тоа.

Ниту едно холивудско студио не сака да ги коментира овие настани во Русија, пишува TorrentFreak.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе