Руската Luna-25 ги испрати првите фотографии од вселената

Првата руска мисија за слетување на Месечината од 1976 година ги даде првите резултати, имено првите фотографии од вселенското летало Luna-25 на пат кон јужниот пол на Месечината.

Luna-25 се трка со индискиот лендер Chandrayaan-3 за да го направи историското прво слетување на јужниот пол на Месечината, каде, според научниците, има големо количество замрзната вода.

Во петокот, на 10 август, Русија ја лансираше ракетата Soyuz 2.1, која го пренесе вселенското летало Luna-25 во вселената. Лансирањето се случи од космодромот Восточни.

Тоа е првата сонда од домашно производство испратена на Месечината во историјата на модерна Русија и првата руска лунарна сонда во период од речиси 50 години. Luna -24 полета во 1976 година и испорача мал примерок од лунарен реголит или почва на Земјата.

Luna -25 ги сними своите први фотографии од вселената во неделата на 13 август и ги испрати на контрола на мисијата на Земјата, а беа објавени од Рускиот институт за вселенски истражувања на Руската академија на науките (IKI RAS). На фотографиите се гледа леталото Luna-25 со Земјата и Месечината во позадина. Видливи се и руското знаме и ознаките Luna-25.

„Овие фотографии покажуваат елементи од дизајнот на вселенско летало кое засекогаш ја напуштило Земјата, а во позадина е Месечината до која наскоро ќе стигне“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Фотографиите се направени на оддалеченост од околу 310.000 километри од Земјата. Во просек, Месечината е оддалечена 384.400 километри од нашата планета, што значи дека Luna-25 e при крај на своето патување.

„Сите системи на вселенски летала функционираат совршено нормално, комуникацијата со станицата е стабилна, а енергетскиот биланс е позитивен“, велат од IKI RAS.

Леталото требаше да стигне до Месечината на 15 август и да ја започне својата седумдневна орбита, додека слетувањето на лунарниот јужен пол се очекува околу 22 август.

Ако сè оди според планот, лендерот на Месечината ќе работи на површината на Месечината една година, а за тоа време ќе ја анализира лунарната почва, ќе бара замрзната вода и ќе ја истражува неверојатно тенката атмосфера на Месечината. Тоа ќе го направи со помош на осум инструменти, вклучително и ласерски масен спектрометар.

Во меѓувреме, индискиот лендер на Месечината Chandrayaan-3 влезе во лунарната орбита на 7 август, но ќе помине подолг период во лунарната орбита, што значи дека Luna-25 најверојатно ќе слета на лунарниот јужен пол пред него. Слетувањето на индискиот лендер се очекува на 23 август.

Вниманието на водечките светски вселенски агенции е насочено кон лунарниот јужен пол, бидејќи научниците веруваат дека содржи замрзната вода под лунарната почва и внатре во кратерите кои се секогаш во сенка без сончева светлина поради нивниот агол кон Сонцето.

Русија беше првата земја што испрати сонда на Месечината. Тоа беше мисијата Luna-2 од 1959 година која стигна до Месечината, додека Luna-9 стана првата што направи меко слетување на површината на Месечината во 1966 година.

Првото слетување со екипаж беше на мисијата Apollo 11 на НАСА во 1969 година, но Русија сега има за цел да биде првата што успешно ќе изврши меко слетување на лунарниот јужен пол пред мисијата на НАСА Artemis III планирана најрано за 2025 година. Во оваа мисија, екипажот ќе биде испратен на лунарниот јужен пол.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе