„Sadaku“ е најновото продолжение на култната хорор франшиза „Ring“
Јапонскиот филм „Ring“ на почетокот на 2000-тите предизвика многу возбуда, но и страв кај љубителите на хорори. Овојпат, режисерот на првиот филм од франшизата се враќа со најново продолжение, насловено „Sadaku“.
Филмот ја следи психологот Мају Акикава, која работи во психијатриската болница во Токио. Нејзиниот брат е јутубер кој на себе ја навлекува клетвата Садаку. Премиерата на филмот ќе биде на филмскиот фестивал Fantasia на крајот на овој месец.