Во рамки на акциските контроли од областа на сообраќајот полицијата синоќа на територијата на град Скопје изрече вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, како и 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информираат денеска од МВР, меѓудругите, изречени се и 8 мерки за користење мобилен телефон при возење, 6 санкции за некористење сигурносен појас, 8 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.