Саудиска Арабија погуби 81 затвореник во еден ден

Б.С.Б.
/ 13.03.2022 / 14:02

Во изминатите 24 часа, во Саудиска Арабија се погубени 81 затвореник, меѓу кои седум државјани на Јемен и на Сирија, обвинети за тероризам.

Во 2021 година во кралството беа погубени 67 лица, додека во 2020 биле погубени 27, пренесе Reuters.

„Овие лица се осудени за различни злосторства меѓу кои и убиства на невини мажи, жени и деца“, пренесе државната новинска агенција SPA повикувајќи се на соопштение од министерството за внатрешни работи.

„Злосторствата кои ги сториле овие лица исто така вклучуваат завет на лојалност даден на странски терористички организации како што се Исламска Држава и Ал Каеда“, се додава во соопштението.

Меѓу погубените има 37 саудиски државјани кои во еден случај биле прогласени за виновни за обид за убиство на службеник за безбедност и пукање кон полицајци и конвој.

Човечките права во Саудиска Арабија се под поголем надзор на здруженијата за човекови права и западните сојузници од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година. Саудиска Арабија е остро критикувана поради рестриктивните закони за политичкото и верско изразување како и за спроведувањето смртна казна, вклучително и апсење на обвинети лица додека се уште малолетни.

Ријад негира кршење на човечките права и тврди дека ја штити националната безбедност во склад со законите на земјата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе