КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Саутгејт: Македонија е одличен тим кој требаше да ја победи Украина

Филип Здравески
/ 19.06.2023 / 13:53

Англискиот селектор упати низа пофални зборови за Македонија, која вечерва во Манчестер ќе игра против неговата репрезентација.

„Ја видовме Македонија со Украина како одигра еден час, навистина требаше и да ја победат Украина. Имаат неколку играчи кои се одлични индивидуалци со извонредни индивидуални квалитети, кои играат во големи европски клубови, ама пред сѐ Македонија е тим кој функционира добро. Македонија е селекција која има педигре од минатите квалификации, играа со Португалија во завршниот бараж за пласман на Мундијалот. Не нѐ чека натпревар како во петокот (играа со Малта, заб. на прев.), туку натпревар кој е ниво погоре со многу поголем интензитет и квалитет, и наше е да одиме на победа“, рече Гарет Саутгејт.

Оваа генерација мкедонски фудбалери прв пат ќе имаат можност да играат на легендарниот стадион „Олд Трафорд“, но и Англичаните ретко играат таму. Затоа имаат и посебен мотив.

„Нѐ чека тежок дуел и сакаме тука да одиграме добро, сакаме да ги израдуваме навивачите. Не доаѓаме многу често на северот, затоа ќе се потрудиме да им пружиме емоции и радост, знаеме каква е тука атмосферата. Целта е да играме добро, навивачите да бидат задоволни. Тие се извонредни, прават вистинска атмосфера и тоа е дополнителна возбуда и за фудбалерите. Секако, Македонија ќе сака добро да одигра затоа ќе мора да сме внимателни“, додаде англискиот селектор.

По досегашните три кола Англија има максимален скор откако славеше над Италија, Украина и Малта. Интересно, но на досегашните два натпревара на англиско тло, во Саутемптон и токму тука во Манчестер, Македонија двапати играше нерешено (2:2 и 0:0) во 2002 и 2006 година.

Натпреварот Англија - Македонија почнува во 20:45 часот со директен на МРТ1.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе