Се екипираше тимот на серијата за деца “Наше маало” – Кој е поводот?

Сигурно се сеќавате на детската серија „Наше маало”, особено ако сте дете од крајот на 80-тите или почетокот на 90-тите години, кога со нетрпение чекавме да дојде недела за да ја видиме омилената зграда Кармен и нејзините мудри совети, па често си замислувавме дека и нашата куќа или зграда ќе ни проговори.

Ги паметиме вредностите и поуките од кои сите, па дури и возрасните научија, на  другарството на кои нè учеа Диме, Мали, Зана, Ице, Џелјан, Филиз, Бени и другите маалски другарчиња од населбата Пролет.

Денес, 18 години подоцна, повторно се собраа хероите од нашето детство во зградата на Кармен, во истата таа просторија. Со истата позитивна енергија како времето да не застанало, гордо потсетувајќи се на безгрижните денови кога се снимаше серијата.

A дали нешто подготвуваат и кој е поводот за нивното повторно обединување, останува да видиме.

Со 41 епизода во 5 серијали, емитувани во периодот од 1999 – 2004 г., хероите на  “Наше маало” нè учеа  како да ги надминеме стереотипите и како да живееме заедно .  “Наше маало” беше серија за меѓусебно почитување и разбирање, без разлика на етничката припадност. Приказна за пријателството на деца од сите четири националности, на кои не им беше ништо друго важно, освен да се дружат и да ја зачуваат нивната заедничка тајна – Кармен. “Наше маало” беше лекција за љубов.

Топла препорака за сите оние кои се сеќаваат и растеле со “Наше маало” – побарајте ги епизодите на интернет и потсетете се. Покажете им ги и на вашите деца времето и вредностите со кои ние сме растеле.

И да ве потсетиме на она што во моментот си го потпевнувате:

Само едно е, едно е “Наше маало”, само едно е, ова зградуле мало...

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе