1.МФЛ 2019/20

Се одигра 5-тото коло во Првата фудбалската лига

Академија Пандев останува лидер, Шкендија конечно се израдува на победа, Вардар убедлив со Струга, победи и за МакедонијаЃП и Шкупи.

Колото го отвори лидерот Академија Пандев во петок против Ренова. Со по еден гол во секое полувреме струмичани ги освоија бодовите и се задржаа на челната позиција.

Шкендија кончено ја забележа првата победа во новата сезона. Требаше слабиот Работнички да дојде во Тетово за црвено-црните да се израдуваат. Убедливата победа од 3:0 го испрати Работнички на последното место.

Вардар немаше проблеми со дебитантот Струга која на „Тоше Проески“ издржа само едно полувреме. Бразилецот Жунињу со два гола по паузата ги реши гостите, а Најдовски стави точка на убедливата победа.

Минимална победа над Силекс запиша Шкупи и тоа со новиот тренер на клупата. Победа оствари и Македонија ЃП и тоа откако го сврте резултатот во своја корист по раното водство на Борец.

Резултати од 5-то коло:

Академија Пандев - Ренова 2:0
32' Марко Рајковиќ, 87' Марио Крстовски

Шкендија - Работнички 3:0
19' Стениу Жуниор, 37' Арменд Алими, 90' Еннур Тотре

Вардар - Струга 3:0
58', 66' Жунињу, 80' Филип Најдовски

Македонија ЃП - Борец 3:1
39' Паду, 73' (пен) Дејан Блажевски, 90'+3 Бенјамин Демир - 4' Никола Прелчец

Шкупи - Силекс 1:0
58' Сержињу
Црвени картони: 87' Филип Стојановски (Ш), 90'+3 Даниел Карчески (С)

Табела:
1. Академија Пандев 13
2. Македонија ЃП 11
3. Вардар 10
4. Шкупи 8
5. Шкендија 7
6. Ренова 7
7. Струга 7
8. Борец 4
9. Силекс 3
10. Работнички 3

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе