Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто, на сите познат како Пеле, е тешко болен.

Пред Светското првенство во Катар, тој беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Саун Пауло, а за време на турнирот се јави и рече дека ќе успее да ја надмине тешката болест.
Тој има рак, а како што неодамна објавија бразилските медиуми болеста се проширила и на бубрезите, наводно и Пеле чувствувал проблеми со срцето и е во сè потешка состојба. Сепак, Бразилците добија добри вести бидејќи познатиот новинар Милтон Невеш објави видео со 82-годишниот легендарен спортист снимено во болницата каде престојува.
На снимката Пеле е поврзан е со инфузија, но е расположен и си додава топка со некој во собата.
E olha aí nosso eterno Rei ainda no Albert Einstein. Força, gênio, eu te amo Pelé! pic.twitter.com/yd0tqaXMu9
— Milton Neves (@Miltonneves) December 21, 2022
Пеле во кариерата играше само за два клуба, за неговиот Сантош во Бразил и подоцна кога имаше финансиски проблеми за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства - во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 година.