Станува збор за Fiat 126p што му припаѓа на познатиот холивудски актер.
Таа 2016 година, малку на шега, Том Хенкс објави фотографија со автомобилот Fiat 126p во Будимпешта, каде што престојуваше работно. Тоа беше доволно за да го привлече вниманието на жителката на Бјелско-Бјала и негова обожавателка, Моника Јасколска.
Познато е дека „пеглата“ е еден од симболите на полската автомобилска индустрија, имајќи предвид дека овој мал автомобил е произведен од полски Fiat, токму во местото каде што живее обожавателката на познатиот актер.
Кога Јасколска го видела Хенкс како се фотографира со „пеглата“ во Унгарија, започнала широка кампања за да го купи и да му го подари автомобилот.
Хенкс бил пресреќен и донирал голема сума на пари во болницата во која работела Јасколска.
Сега Хенкс го донира истиот Fiat 126p за финансирање на хуманитарната кампања Hidden Heroes.
Тековната понуда на аукциската страница bringatrailer.com е 57.000 долари, што е веројатно историски рекордната цена за Fiat 126p.