Се работи на создавање услови секое домаќинство и деловен субјект да може да постави фотоволтаик на својот покрив

Прилеп, 21 март 2022 (МИА) – Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап за да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи, а се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти.

-Дополнително во план е да се зголеми и моќноста на системите, која во моментов е 4 киловати да стане 6 киловати за домаќинствата, а за деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца, а над тоа со вадење на лиценца да можат неограничено да поставуваат во зависност од можноста што има ја дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Покрај тоа, додаде, со правилникот за поврзување, кој е во подготовка, ќе се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат произведената електрична енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема од државниот производител на електрична енергија.

-Третата промена е да може електричната енергија на најлесен можен начин да се разменува за што веќе се подготвува подзаконски акт во Министерството за финансии со кој ќе биде  овозможено воведување на даночен застапник, по примерот на западно европските држава, за да може откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинствата, бидејќи тие не се даночни обврзници, и со тоа да се овозможи размена на електрична енергија и соодветно третирање на ДДВ, појасни Ковачевски.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Read more

Македонија

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Министерката Јаневска ќе го менува концептот за инклузивно образование

Read more

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира, постигнат договор со приватниците

Read more

Што да (НЕ) правите ако ве касне змија?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Читај повеќе

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Читај повеќе

Министерката Јаневска ќе го менува концептот за инклузивно образование

Читај повеќе

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира, постигнат договор со приватниците

Читај повеќе

Ердоган се сретна со Путин и најави нуклеарна соработка

Читај повеќе

Што да (НЕ) правите ако ве касне змија?

Читај повеќе

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Читај повеќе

Свечено доделување на наградите „Антево слово 2024“ на 10 јули

Читај повеќе

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Читај повеќе