Се степале за топка: Тепачка во училиште во Берлин, повредени 49 деца, скршена раката на директорката

Макфакс
/ 13.12.2023 / 15:29

Масовна тепачка се случила во училиштето „Кампус Ефеувег“ во берлинскиот кварт Нојколн, во која се повредени 49 ученици. Според германските медиуми, учениците биле повредени со солзавец. Нападнати биле и две учителки, директорката и полицаец, а сѐ ескалирало по расправија за фудбал.

Наводно сѐ започнало кога пет ученици на возраст од 14 и 15 години се степале за топка на училишното игралиште. Како што пишува Bild, еден од нив извадил солзавец и почнал да го прска. Откако солзавецот исто така го погодил во очите, го пуштил на подот и бил подигнат од друго момче кое продолжило да прска.

Две учителки се обиделе да ја прекинат тепачката, но момчињата ги испрскале со солзавец. Во болница веднаш се упатила и директорката (52), која учениците ја турнале и ѝ го скршиле прстот. Полицијата пристигнала со неколку автомобили и најпрвин ја смирила ситуацијата.

Недолго потоа, постариот брат (21) на еден од инволвираните влетал во училишниот двор и го удрил полицаецот во глава. Полицаецот го соборил насилникот на земја, додека 21-годишниот продолжил да се заканува. Во училиштето пристигнала брза помош која од ефектите на солзавецот однела 49 ученици и двајца професори на лекување во болница.

Петмината инволвирани тинејџери се суспендирани до Божик. Според информациите на Bild, сите петмина се со мигрантско потекло. Според Berliner Morgenpost, двајца од нив се познати како интензивни криминалци.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе