Се утврдуваат причините за пропустите во учебникот по Историја и општество

Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за V одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат.

– Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Според ресорното министерство, во време кога во Северна Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти. Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес.

– Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата. Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН. 

Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Тројца исчезнати туристи во Грција најдени мртви

Read more

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Read more

Македонија

750.000 евра народни пари за апанажите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ

Read more

Левица: 6 години Преспански договор – сè подалеку од ЕУ, сè поблиску до бугаризација

Read more

Муцунски: Ќе се залагам да ја зацврстиме нашата позиција меѓународно и да создадеме можности за засилен раст и развој

Read more

Миле Јанакиески по 6 години денеска излегува од затвор

Read more
 

Вести

Кина отвори истрага за увоз на свинско месо од ЕУ

Читај повеќе

Путин по 23 години оди во посета на Северна Кореја

Читај повеќе

750.000 евра народни пари за апанажите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ

Читај повеќе

Синот на Нетанјаху oд Флорида ја нападна израелската армија, спомна и предавство

Читај повеќе

Левица: 6 години Преспански договор – сè подалеку од ЕУ, сè поблиску до бугаризација

Читај повеќе

Муцунски: Ќе се залагам да ја зацврстиме нашата позиција меѓународно и да создадеме можности за засилен раст и развој

Читај повеќе

Миле Јанакиески по 6 години денеска излегува од затвор

Читај повеќе

Горивата поскапуваат на полноќ

Читај повеќе

Грција, Турција и Кипар горат, температурите и до 45 степени Целзиусови

Читај повеќе