Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за 2 денара

Од денеска престана да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што повторно стапи во сила Законот за акцизи. Тоа придонесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да ги намали малопродажните цени на горивата.

Со укинувањето на дополнителната акциза за горивата која беше воведена како мерка за време на вонредна состојба, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за два денара за литар, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтини за 13 денари, додека малопродажната цена на мазутот остана на исто ниво.

Затоа РКЕ донесе одлука од денеска ЕУРОСУПЕР БС-95 да се продава за 61 денар на литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 52,5, екстра лесно масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) за 41,5 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС остана 30,823 денари за килограм.

Со тоа РКЕ всушност изврши усогласување на претходната одлука за цената на горивата, што беше донесена во понеделникот, со Законот за акцизи кој од денеска повторно стапи на сила.

– Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба Владата ја донесе на својата седница на 1 април 2020 година по што беше објавена во Службен весник, а во делот на горивата стапи на сила од 5 мај 2020 година.

Тагови
реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе