СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Ческа и огледалото“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Приказната за Франческа, наречена Ческа, е веројатно најкратката новела во збирката на Бокачо. Затоа започнуваме со неа.

„ЧЕСКА И ОГЛЕДАЛОТО“

Некој човек по име Фреско од Челатико, имаше внука која нагалено ја викаа Чeска, а која беше сосема убава по става и на лика, но не од оние ангелските убавици, какви што можевме претходно да видиме. Таа, поради изгледот и благородноста толку многу себеси се ценеше, што стекна навика да ги колку и мажите и жените и сè друго што ќе ѝ се најдеше пред очи, без да помисли и на себе самата, иако таа беше понепријатна, поздодевна и понезгодна од сите други, така што не постоеше ништо што можеше да биде по нејзина волја. А покрај сето ова, беше горделива, што ќе беше премногу дури и да доаѓаше од дворот на францускиот крал. Кога минуваше по улица, пак, толку силно ѝ мирисаше на стари партали, што само ја кривеше муцката, како да доаѓаше миризбата од секој кого ќе го сретнеше или ќе го видеше.

Но, да ги оставиме сите нејзини непријатни и здодевни навики, се случи еден ден, кога се врати дома, таму да биде  дојден Фреско, па таа брефтајќи, седна до него и постојано само воздивнуваше, така што Фреско ја запраша:

– Ческа, што треба да значи ова, денес е празник, а ти толку рано се врати дома?

На ова таа, сета збивтајќи, одговори:

– Точно е дека се вратив рано, зашто мислам дека во овој град никогаш немало толку непријатни и здодевни мажи и жени како денеска. И нема ниту еден да минува по улица, а да не ми е омразен и да не му донесе баксуз. Мислам дека нема ни друга девојка на која да ѝ е поздодевно да ги гледа овие непријатни луѓе од мене, па за да не ги гледам нив, ете затоа се вратив толку рано.

На ова Фреско, кому незгодниот табиет на внука му воопшто не му се допаѓаше, рече:

– Ќерко моја, ако тебе толку те нервираат непријатните луѓе, како што велиш, тогаш, ако сакаш да бидеш среќна, не смееш никогаш да се гледаш во огледало.

Но, таа шуплива како трска, иако се сметаше себеси дека е мудра како Соломон, ја сфати досетката на вујко ѝ полошо и од обична овца, па дури на крајот изјави дека и таа сака да се гледа себеси во огледало, како и сите други. И си остана длабоко нурната во својата глупост и така си живееше до ден денешен.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе