Седумдневен карантин по влез во Грција ако немате негативен ПЦР тест

Атина, 8 февруари 2021 (МИА) – Освен со потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.

Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе