Сега е официјално – реклами и на Netflix

И покрај цврстото верување на извршниот директор Рид Хестингс дека Netflix не мора да ги компромитира своите услуги со реклами, стриминг гигантот наводно наскоро ќе лансира поевтино ниво на претплата со реклами.

За првпат слушнавме за претстојниот рекламен пакет пред два месеци, но Netflix тогаш не ги потврди гласините. Меѓутоа, во неодамнешното појавување на фестивалот за рекламирање Cannes Lions, ко-извршниот директор Тед Сарандос ги потврди гласините и рече дека компанијата наскоро ќе воведе подостапен план за претплата, со цел да привлече нови клиенти.

„Оставивме голем дел од клиенти надвор од масата, а тоа се луѓето кои велат - еј, Netflix е прескап за мене и не ми пречат рекламите“, рече Сарандос, цитиран од The Holywood Reporter.

Ако сте загрижени за вестите за воведување реклами, ќе ви биде мило да знаете дека Netflix нема да ги воведе за сите. Прикажувањето реклами ќе биде ограничено на корисниците кои ќе се одлучат за новиот план за претплата. Покрај потврдата за поевтиниот пакет, Сарандос откри и дека Netflix во моментов е во преговори со потенцијални партнери за рекламирање на платформата.

Netflix допрва треба да открие од кога ќе ја воведе поевтината претплата. Претходните извештаи сугерираа дека тоа би можело да се случи до крајот на оваа година, но ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите.

Netflix неодамна објави пад на базата на претплатници, за првпат по десет години. Компанијата изгуби околу 200.000 корисници само во првиот квартал од 2022 година, а новото ниво на претплата е дел од нејзините напори да донесе нови претплатници на платформата.

Тагови
реклама

Дали сте знаеле: Македонец го дизајнирал славниот југословенски киоск

Read more

Почнува период што се случува еднаш на 12 години: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Зошто Кинезите престанаа да ги исплаќаат кредитите за стан?

Read more

Руската новинарка уапсена во Косово: Полицијата ме испрашуваше за шпионажа

Read more

Филм & ТВ

Во претстојната епизода конечно ќе се открие како The Simpsons ја предвидуваа иднината

Read more

Излезе трејлерот за третиот дел од полскиот филм полн со секс сцени

Read more

Стивен Сигал, како пион на Путин, снима документарен филм за војната во Украина

Read more

По медениот месец, Лопез и Афлек направија пауза „за да не се изгуби магијата“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Во претстојната епизода конечно ќе се открие како The Simpsons ја предвидуваа иднината

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлерот за третиот дел од полскиот филм полн со секс сцени

Читај повеќе
  • play_arrow

Стивен Сигал, како пион на Путин, снима документарен филм за војната во Украина

Читај повеќе

По медениот месец, Лопез и Афлек направија пауза „за да не се изгуби магијата“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 грешки во Harry Potter филмовите

Читај повеќе
  • play_arrow

Џејсон Момоа после тренинг се опоравува во замрзнувач полн со мраз

Читај повеќе

Рита Ора се омажи во тајност и го смени презимето

Читај повеќе
  • play_arrow

9 август 1986, последниот концерт во живо на „Квин“ со Фреди Меркјури

Читај повеќе

Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови

Читај повеќе