Серија од 42 земјотреса ја погодија Албанија, сеизмолозите смируваат дека нема место за паника

По земјотресот што беше регистриран малку по полноќ во Албанија, со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала, евидентрани се последователни 42 други потреси.

– По потресот во 00 часот и 13 минути со интензитет од 4,9 степени и со епицентар од 41 километар западно од Тирана и 27 километри северозападно од Драч, регистрирани се 42 последователни земјотреси со јачина до 3,5 степени. За среќа нема информаци за причинета штета, се наведува во соопштението на албанското Министертво за одбрана.

Сеизмологот Реџеп Кочи ги смирува граѓаните истакнувајќи дека „не станува збор за случај од кој треба да се плашиме“.

– Нема место за паника, зашто не станува збор за случај од кој треба да се плашиме. Природно е по земјотресот од 26 ноември лани, да има последователни потреси. Тоа ќе трае подолг период, со последователни потреси, кога од време на време, повторно се активираат одредени области, како што е и оваа, рече Кочи за Ora News телевизија.

Тој додаде дека по катастрофалниот земјотресот од ноември имало периоди на смирување на тлото, па повторно се активирало, но секогаш „најголемата јачина на потресите била од 4,2 до 4,3 и не надминале над 5 степени за да имаат влијание врз структурите и чувствителноста на луѓето“.

Катастрофалниот земјотрес што се случи утрото на 26 ноември со интензитет од 6,4 степени, предизвика огромна материјална штета, која се проценува на над милијарда евра, загинаа 51 а повредени беа околу две илјади луѓе.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе