Северна Кореја се закани: Ќе биде нуклеарка за нуклеарка

Пјонгјанг испрати силен одговор до американскиот министер за одбрана заканувајќи се со „мило за драго“.

Северна Кореја вети дека ќе одговори во стилот „мило за драго“ на секоја безбедносна закана која ќе дојде од Вашингтон и Сеул, вклучително и употреба на „најголемата нуклеарна сила“. Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, неделава ја посети Јужна Кореја ветувајќи дека ќе се засилат воените вежби на двата сојузника, САД и Јужна Кореја.

„Воено-политичката ситуација на Корејскиот Полуостров и во регионот екстремно се доближи до црвената линија поради непромислените воени конфронтирачки маневри и акти на непријателство од страна на силите на САД и неговите вазали“, вели во долгото соопштение неименуван портпарол на севернокорејското МНР, кое денеска го објави државната севернокорејска новинска агенција 조선중앙통신사 (КЦНА).

Остин ја посети Јужна Кореја во вторникот за да ја потврди цврстата посветеност на САД да обезбеди „нуклеарен чадор“ на својот клучен сојузник. Во едиторијалот објавен од Yonhap, тој откри дека сојузниците „го прошируваат опсегот и обемот на нашите комбинирани вежби“, вклучително и „сè повеќе сложени вежби засновани на сценарија фокусирани на нуклеарни закани“, со цел „да ја зголемат нашата интероперабилност и подготвеност за 'борба веднаш' ако е потребно“.

Пјонгјанг ја осуди понудата на Вашингтон за т.н. „проширено одвраќање“ на Југот како димна завеса за военото засилување што го претвора Корејскиот Полуостров во „огромен воен арсенал и покритична воена зона“.

„Демократска Народна Република Кореја ќе преземе најцрвста реакција на било каков воен обид на САД, по принципот 'нуклеарка за нуклеарка и сеопфатна конфронтација за сеопфатна конфронтација!'“, се додава во соопштението.

Минатата година Северна Кореја изврши рекорден број на ракетни тестирања, вклучително и повеќе балистички ракети со долг дострел, опишувајќи ги како одговор на зголемената активност на американско-јужнокорејските воени игри, кои Северот ги смета за закана по сопствената безбедност и како „проби“ за можна инвазија.

Шефот на Пентагон тврдеше дека воените активности на Пјонгјанг само дополнително ја докажуваат потребата да се „остане буден“ и вети на состанокот со неговиот јужнокорејски колега, Ли Чон-Суп, дека „и во иднина ќе се продолжи со распоредување американски стратешки средства навремено и координирано“.

Американците имаат стационирано воена сила од околу 28.500 војници во Јужна Кореја, а според Остин, само благодарение на огромното американско воено присуство на полуостровот веќе седум децении таму владее мир.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја го обвини Вашингтон дека се обидува да го натера Пјонгјанг „еднострано да се разоружа преку санкции и воен притисок“, додавајќи дека „не сме заинтересирани за никаков контакт или дијалог со САД“ сѐ додека опстојува таквата „непријателска политика“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе