Колумбиската пејачка Шакира беше една од ѕвездите кои настапија на синоќешното доделување на Видео музичките награди (VMA) во Њу Џерси, а на црвениот килим се појави во долг златен фустан.
Фустанот на пејачката беше покриен со блескави златни светки и имаше длабоко деколте и значителен рез на задниот дел. За нејзиниот изглед беше задолжен стилистот Николас Бру, а парчето што го носеше беше од колекцијата на брендот Versace.

На црвениот килим на Шакира ѝ се придружија двата сина Милан и Саша, а колумбиската ѕвезда на наградата годинава ја доби најважната награда - наградата Video Vanguard. Меѓу претходните добитници на оваа награда беа Ники Минаж, Бритни Спирс, Пинк, Ријана, Бијонсе и други.
Донатела Версаче се огласи на својот Instagram за да и честита на пејачката за нејзината музичка кариера.
„Треба да бидеш многу горда за сè што постигна досега. Секој рекорд што го собори и секое правило што го прекрши те направи толку неверојатно уникатна! Вечерва блескаш во versace. Те сакам многу“, напиша Донатела.
По златното издание на црвениот тепих, Шакира за настапот се пресоблече во мини фустан во боја на кожа, украсен со кристали и реси.