УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Шампионот Баерн шампионски, Шахтар триумфално низ Мадрид

Бранителот Баерн со четири гола го среди Атлетико, Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз дома од Украинците, Интер се спасуваше од пораз против Борусија Менхенгладбах, победи за Ливерпул, Манчестер Сити и Аталанта.

Ако по утрото денот се познава, тогаш и оваа сезона треба да биде одлична за актуелниот шампион Баерн. Во Минхен со 4:0 настрада не било кој туку мадридски Атлетико со двата гола на Кингсли Коман и едниот на Леон Горецка и Корентен Толисо. Тимот на Диего Симеоне беше во подредена улога упатувајќи само еден удар во рамките на голот на Мануел Нојер во 90-те минути.

Изненадувањето на денот синоќа се случи во Мадрид каде Реал уште на полувреме губеше со неверојатни 0:3 од Шахтар. Тете, автоголот на Рафаел Варан и Манор Соломон се погрижија за фуриозни 45 минути на донецкиот тим. За 15 минути во вториот дел Реал успеа да намали на 2:3 преку Лука Модриќ и Жуниор Винисиус, па сите помислија дека ќе посведочат на неверојатен комплетен пресврт. Израмнувањето дојде во судиското надполнување кое сепак ВАР го поништи и Шахтар замина дома со трите бода.

Ливерпул победнички се врати од Амстердам и тоа благодарение на автогол. Во 35. минута Садио Мане го бараше Мохамед Салах во домашниот шестнаесетник, но пред него интервенираше Николас Таљафико кој несмасно ја смести топката во сопствената мрежа. Тој гол се покажа како единствен на натпреварот.

Интер не успеа да се поврати од поразот во дербито со Милан и одигра нерешено во Борусија од Менхенгладбах. „Нераѕурите“ поведоа 4 минути по паузата кога Ромелу Лукаку најдобро се снајде во мешаницата пред гостинскиот гол. Во 63. минута гостите добија удар од белата точка откако Артуро Видал го сруши Маркус Тјуран, а Рами Бенсебајни успешно го реализираше. Борусија успеа и да поведе со 1:2 откако на 6 минути пред крајот контрата Флорија Нојхаус ја зачини со перфектна асистенција за Јонас Хофман. Интер се спаси од пораз во 90. минута кога по еден корнер Ромелу Лукаку остана нечуван на втората статива и без проблеми ја затресе мрежата на Јан Зомер.

Порто поведе на гостувањето во Манчестер уште во 14. минута преку Колумбиецот Луис Дијас, но само ги налути „Граѓаните“. Со головите на Серхио Агуеро, Илкај Ѓундоан и Феран Торес домаќините направија целосен пресврт и ги освоија трите бода.

Аталанта продолжи како што и застана. Голеада на гостувањето во Хернинг кај Митјиланд и тоа три гола уште во првиот дел. Дуван Сапата, Папу Гомес и Луис Муриел, како и Алексеј Муранчук пред крајот на натпреварот се погрижија за убедлива победа од 0:4.

Интересен натпревар со два пресврта одиграа Салцбург и московски Локомотив. Гостите поведоа преку Едер, а пред паузата израмни Доминик Собослаи. Набрзо во вториот дел Златко Јунузовиќ донесе водство за австрискиот шампион, а бод за Русите спаси Белорусинот Витал Лисакович.

Благодарение на голот во судиското надполнување постигнат од Египќанецот Кока, грчки Олимпијакос славеше минимална победа над Олимпик Марсеј.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе