Шевченко заплака пред камера: Мајка ми и сестра ми не сакаат да го напуштат Киев

Легендарниот украински фудбалер и освојувач на Златната топка, Андриј Шевченко, во емотивно интервју за Sky Sports зборуваше за ситуацијата во неговата земја и руската инвазија на Украина.

Шевченко, кој изминативе денови неколку пати повика на мир и единство на Украинците, синоќа дури и пушти солза пред новинарите на Sky Sports.

Некогашниот најдобриот фудбалер во светот потенцираше дека членовите на неговото семејство сѐ уште се во Украина и дека не сакаат да ја напуштат земјата, иако тој тоа го побарал од нив.

„Зборувам со моите родители и на мајка ми ѝ велам дека сакам да се вратам, но чувствувам дека сега можам оттука да помогнам зборувајќи за тоа што се случува, а тоа е вистинска трагедија со која се соочува украинскиот народ. Мојата мисија е да се обидам да ги натерам луѓето да ја разберат ситуацијата, човечката страна на ситуацијата со која се соочуваме. Се обидувам да соберам пари и да му помогнам на украинското општество преку разговори и акции“, рече Шевченко на почетокот од разговорот.

URL

Ги повикал сестра му и мајка му да ја напуштат Украина, но тие одбиле. Шевченко тврди дека ситуацијата во Киев е катастрофална.

„Горд сум што сум Украинец. Ова се тешки моменти за мојата земја, народ и семејство. Мајка ми и сестра ми останаа во Киев и одбија да заминат. Тие остануваат да се борат за слободата и нашите души. Во овој момент земјата е обединета и еден со други си помагаат, семејствата делат храна со војниците. Ги поминуваме најтешките моменти од нашата историја, но луѓето се заедно затоа што сакаат слобода и да ги одбранат своите домови“, додаде некогаш фантастичниот украински напаѓач.

Поранешниот тренер на Џеноа и селектор на Украина вети дека ќе направи сѐ за да ѝ помогне на татковината дури и ако веднаш не се врати во својата земја.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе