Шилегов: Со вонредното прскање против комарци очекувам целосно да се санира проблемот

Со вонредното терестично прскање против комарци што започна вчера во 21 часот мислам дека состојбата е сериозно ублажена и очекувам по завршување на прскањето целосно да се санира тој проблем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој појасни дека постапката, процедурата, начинот и средствата за извршување на прскањето се работа која Градот од Заводот за јавно здравје ги добива до 31 јануари секоја година.

– Постапката, процедурата, начинот и средствата се работа која ние со Заводот за јавно здравје ги добиваме до 31 јануари секоја година. Таму се определени местата, локациите, квалитетот на средството и периодите во кои се врши прскањето против комарци и ние сме должни согласно законски прописи на тие упатства да се придржуваме. Во текот на минатата недела беше авионско, сега со терестично прскање очекувам дека целосно ќе се санира тој проблем, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Градоначалникот појасни дека на почетокот на август годинава имаше сериозно врнежливи денови, паѓање на дрва, невремиња, и тоа, како што додаде, се природни услови за вонредно рамзножување на комарците, но со вонредното прскање тој проблем ќе се санира. Појасни дека секогаш пред да се прска мора да се размислува за здравјето на луѓето.

– Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сѐ на здравјето на луѓето затоа што прскате хемикалија и затоа таа треба да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти. Не можеме ние да ги дигаме авионите и да прскаме секогаш кога мислиме дека тоа треба да го направиме. Целта не е уништување на комарците туку редуцирање на нивниот број, рече Шилегов.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе