1.МФЛ 2019/20

Шкупи и Струга не веруваат во тестовите на СФМ

Прволигашите од Скопје и Струга одбиле на нивните играчи да им бидат направени тестови за коронавирусот бидејќи не веруваат во веродостојноста на истите.

Синдикатот на фудбалери на Македонија извести дека прволигашот од Чаир одбил да дозволи на своите фудбалери и стручен штаб да им се направат тестови за коронавирусот.

„За утре имавме закажано тестирање во ФК Шкупи, меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека тие не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но еве јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која веруваат, во интерес на здравјето на фудбалерите“, велат од СФМ.

„Не прифативме да ни се прават тестови во 'Аџибадем Систина' бидејќи тие не се признати од ревелантните институции. Пред неколку дена упативме барање до државната болница и сме во очекување да ни одредат датум за тестирање“, велат од чаирскиот клуб.

Денеска мобилна екипа на „Аџибадем Систина“ зеде примероци од лидерот Вардар чии резултати ќе бидат готови најдоцна до утре.

Тестирање одбил и прволигашот Струга, но навестил дека во сопствена режија ќе направи тестирање во некоја од државните институции.

Од СФМ истакнуваат дека за разлика од некои кои одбиваат тестирање, други клубови сами бараат да им бидат направени тестови. Таков е примерот на виничка Слога. Лидерот во Третата лига Југоисток бидејќи треба да игра бараж натпревар со првиот од Третата лига Центар, екипата на Росоман 83, па поради тоа ќе прави тестирања. Победникот ќе избори пласман во Втората лига Исток.

„За пример на сите треба да ни биде ФК Слога од Виница. Иако ќе играат бараж натпревар за влез во Втора лига, ФК Слога побара од нас да им обезбедиме тестирање. Тестирањето е обезбедено и веќе утре 'Аџибадем Систина' ќе биде во Виница и ќе изврши тестирање во просториите на клубот“, информира СФМ.

Откако во редовите на Ренова и Шкендија тестовите открија влупно шестмина позитивни, очигледно одредени клубови почна ада се сомневаат во веродостојноста на тестовите.

„Во име на СФМ ве замолуваме да не нѐ ставате во никакви комбинации и нечесни игри. До нас допре глас дека сме биле во некаква 'игра' со 'Систина' за некакви нечесни игри. Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите, здравјето нивно за нас е најважно. Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во Европа, а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот“, вели Синдикатот.

Со оглед на тоа што токму во скопската населба Чаир, од каде што е клубот Шкупи, има многу новозаболени последниве денови, „Гулабите“ најавија дека ги прекинуваат тренинзите сѐ додека не добијат резултати од тестирањето во сопствена режија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе