Лидерот Шкупи е сè поблиску до освојување на шампионската титула, откако попладнево забележа победа од 3:1 (1:1) на гостувањето во Струга, во рамки на воведниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (1.МФЛ).
Шкупи до трите бода дојде со пресврт откако Струга поведе со голот на Босанчиќ во 45. минута. Гостите од Скопје го израмнија резултатот во судиското продолжение од првиот дел преку Адетунџи, а победата ја обезбедија со головите на Радески (71. минута) и Имери (87).
Прволигашкото 24. коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Борец – Македонија ЃП, Скопје – Шкендија, Пелистер – Брегалница, Ренова – Работнички и Тиквеш – Академија Пандев.
Табела: Шкупи 58 (+1), Академија Пандев 45, Шкендија 44, Македонија ЃП 40, Брегалница 36, Ренова 33, Работнички 31, Струга 30 (+1), Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 7.