Шолц: Кина ќе сноси последици ако почне да им испраќа оружје на Русите

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вчерашното интервју за CNN изјави дека Кина ќе ги почувствува „последиците“ доколку испрати оружје во Русија.

Сепак, германскиот канцелар предвидува дека Пекинг сепак ќе се воздржи од снабдување со оружје на руските сили. Овој говор доаѓа само два дена откако Шолц се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

Американските власти неодамна предупредија дека Кина може да почне да и доставува оружје и муниција на Москва. Пред неговото патување, Шолц ја повика Кина да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да изврши притисок врз Русија да ги повлече своите сили од Украина, објави Associated Press.

Тој се осврна и на прашањето дали испраќањето воена помош за Русија ќе резултира со воведување санкции кон Кина.

„Мислам дека ќе има последици, но сега сме во фаза кога јасно кажуваме дека тоа не треба да се случи и јас сум релативно оптимист дека ќе бидеме успешни со нашето барање во овој случај, но ќе мора да го гледаме да ја следиме ситуацијата и ќе мора да бидеме многу, многу внимателни“, рече Шолц.

Тој не сакаше да прецизира какви последици ќе предизвика таквиот потег на Пекинг. Германија ја има најголемата европска економија, а Кина е нејзиниот најголем единствен трговски партнер во последниве години.

По враќањето во Германија, Шолц се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Сите се согласуваме дека не смее да има испорака на оружје, а кинеската влада изјави дека нема да го испорача. Тоа го бараме и внимаваме на тоа“, изјави германскиот канцелар по средбата.

Фон дер Лејен рече дека „досега немаат докази“ дека Кина планира да испрати оружје, но рече дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата. На прашањето дали Европската Унија ќе ја санкционира Кина за воена помош за Русија, таа одговори дека тоа е „хипотетичко прашање на кое може да се одговори само доколку стане реалност и факт“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе