УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Шпанска одмазда: Запре серијата без пораз на Италија

Среде Милано, онаму каде Италија немаше загубено натпревар, синоќа запре рекордната серија без пораз на „Аѕурите“ кои останаа без финалето од Лигата на нации.

„Црвената фурија“ иако десеткувана одигра феноменален натпревар, а европскиот шампион беше практично непрепознатлив. Подмладената Шпанија од почеток најави дека е решена да го скрши шампионот, и со одлична игра тоа многу умешно го направи.

Во 17. минута Микел Ојарсабал одлично го пронајде Феран Торес во шестнаесетникот, а напаѓачот на Манчестер Сити го отвори резултатот.

Италија не можеше да се соземе, а нервозниот капитен Леонардо Бонучи заработи два жолти картони, првиот за неспортско однесување, вториот за удар со лакт, по што ги остави своите соиграчи со десетмина на терен.

Шпанците тоа го искористија во последните моменти пред паузата кога акцијата на прва од Алонсо преку Сарабиа дојде до фантастичниот Oјарсабал, кој без размислување нафрли до Торес, кој со глава по втор пат го совлада немоќниот Џиџи Донарума.

Со играч помалку очекувано Италија не можеше да се врати од два гола негатива. Во 83. минута се врати мала искра на надеж кога една страшна контра на Федерико Кјеза резултираше со несебично додавање за Лоренцо Пелегрини и гол за 2:1.

По примениот гол Шпанија тотално ја контролираше играше и го заврши натпреварот со победа среде Милано.

Remote video URL

Со оваа победа заврши невероjатната серија на Италија од 37 натпревари без пораз, апсолутен светски рекорд кој тешко дека во блиска иднина ќе биде надминат.

URL

Воедно, Италија за прв пат загуби на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано каде во претходните 44 натпревари, почнувајќи од ремито 2:2 со Чехословачка на 20 февруари 1927, имаше само победи и нерешени, без ниту еден пораз.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе