Реал Мадрид го победи Елче со 3:0 во 10. коло од Примера, но натпреварот го одбележаа и два поништени гола.
Првиот му беше поништен на Карим Бензема во 6. минута, додека вториот му беше поништен на Дејвид Алаба во 26.
Според информациите, голот бил поништен бидејќи имало дефект во ВАР-системот, а во спорната ситуација, пред Алаба да постигне гол, се нашол лактот на Карим Бензема. Но, потоа било востановено дека немало недозволена офсајд позиција.
Кралската шпанска фудбалска федерација му сe извини на Реал Мадрид за поништениот гол на родениот Австриец од татко Нигериец и мајка Филипинка, чие име многумина го грешат нарекувајќи го Давид наместо Дејвид.