Што ќе се случи во вашето тело ако јадете мед секој ден?

Медот е исклучително здрава храна што го штити нашиот имунолошки систем, и има низа други здравствени придобивки.

Еве што ќе се случи со вашето тело ако јадете лажица мед секој ден.

Почиста кожа

Медот е природен антиоксиданс затоа доколку редовно го консумирате ќе го исчисти вашето тело од разни токсини. Покрај тоа, медот има антибактериски својства кои помагаат за здравјето на вашата кожа.

Помага за слабеење

Доколку сакате да слабеете, лекарите и нутриционистите советуваат да ги исфрлите од исхраната сите слатки, освен медот. Имено, медот содржи шеќер кој има различен состав од оној што го има во другите засладувачи. Медот го зголемува вашиот метаболизам, што е неопходно за слабеење.

Го намалува холестеролот

Оваа здрава храна воопшто нема холестерол, а супстанциите и витамините во медот придонесуваат за намалување на нивото на холестерол. Дневната потрошувачка на мед има корисен ефект врз нивото на антиоксидантни соединенија во организмот кои можат да се борат против вишокот холестерол.

Го зајакнува срцето

Истражувањата покажуваат дека антиоксидансите содржани во медот можат да спречат стеснување на артериите. Во зависност од тоа на кој дел од телото се јавува, стеснувањето на артериите може да доведе до срцева слабост, оштетување на меморијата или главоболки. Ако пиете чаша вода со неколу лажици мед секој ден, можете да го спречите тоа.

Подобра меморија

Медот може да помогне во борбата против стресот и исто така го обновува клеточниот антиоксидантен одбранбен систем кој го подобрува помнењето. Покрај тоа, медот е богат со калциум, што може да ја подобри работата на мозокот.

Поцврст сон

Шеќерот што се наоѓа во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта што потоа ослободува серотонин. Серотонинот понатаму се претвора во мелатонин, хормон кој промовира квалитетен сон.

Поздрав стомак

Медот е силен антисептик затоа се препорачува да јадете мед на празен стомак бидејќи тоа може да помогне во спречување на разни болести поврзани со дигестивниот тракт. Покрај тоа, додека поминува низ стомакот, медот уништува микроби и лечи мали ситни рани на слузокожата.

Ја намалува нервозата

Оваа здрава храна помага во смирување на нервите и ублажување на заморот. Гликозата содржана во медот е неопходна за работата на невроните и брзо се апсорбира во крвта, што промовира релаксација и ублажување на психолошките нарушувања.

Тагови
реклама

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе