Жител на Кентаки стана интернет сензација откако е снимен како со пламенофрлач чисти снег пред неговиот дом.
За Божиќ заврна снег во Кентаки, а во некои делови на државата наврна над 20 сантиметри снег за Бадник.
Снегот предизвика поголема радост во текот на празниците, но исто така и ги принуди луѓето со лопати в раце да го чистат снегот пред домовите.
Еден жител на Ешленд, град во североистокот на државата, малку се издвои според начинот на чистење. Зошто да се мачи со лопата, кога едноставно можеш да го исчистиш снегот со пламенофрлач?
„Еве ден начин брзо да се ослободите од снегот, со помош на пламенофрлач“, стои во описот на објавата.