Што мислат децата во САД за Доналд Трамп?
Познатиот американски водител и комичар Џим Кимел сакал да дознае што децата мислат за работата на Трамп, како претседател на САД во текот на првата година од прогласувањето.
Тој спровел анкета, која потоа ја емитувал во својата емисија и ги насмеал гледачите.
Прашањето кое им го поставувал на децата гласело: Како се покажа Трамп во првата година на позицијата претседател?
„Одлично, го спаси светот.. од хармонија“, вели едно момче.
Од друга страна едно девојче одговорило одречно.
„Сака да направи ѕид со Мексико, а јас обожавам да одам таму“.
На прашањето што прво помислуваш кога ќе слушнеш „Доналд Трамп“, едно момче одговорило:
„Мали прсти и портокалово лице“.
Откако ги изнеле своите ставови за него, со имитација ги демонстрирале неговите движења, а тоа е нешто што морате да го погледнете.