За многу луѓе, шолја кафе стана утрински ритуал без кој никогаш не го започнуваат денот.

Најчесто го пиеме на празен стомак, а како што предупредуваат диететичарите, можеби ова не е најдобрата идеја за нашето здравје, пренесува порталот Real Simple.
„Кафето на празен стомак може да стимулира прекумерно производство на стомачна киселина, што предизвикува голем број стомачни проблеми или рефлукс на киселина“, вели регистрираната диететичарка Кристина Маниан.
„Исто така, може да го стимулира производството на кортизол, хормонот на стрес во телото. Иако дел од кортизолот е важен за регулирање на шеќерот во крвта, крвниот притисок и метаболизмот, прекумерните количини во подолг временски период може да доведат до хипертензија, нерегулирани нивоа на шеќер во крвта и потенцијално да резултираат со развој на дијабетес и губење на густината на коските.
Исто така, диететичарката додава дека повремено пиење кафе на празен стомак не може да резултира со поопасни нуспојави, но препорачува да се земе некаква храна со првата шолја кафе, доколку е можно.