Што предизвикува рак на дојка? Ризик фактори кои треба да ги знаете

Ракот на дојката е комплексна и збунувачка болест. Не е јасно што предизвикува нормалните клетки да растат и неконтролирано да се размножуваат.

Сепак, истражувачите знаат дека постојат одредени ризици кои ги зголемуваат шансите за добивање рак на дојка. Сепак, има луѓе кои ќе  заболат од оваа болест иако имаат мал или никаков ризик, а има и такви кои без оглед на тоа што имаат многу ризик фактори, никогаш нема да добијат рак на дојка, пишува Health.

Еве што знаеме за причините за рак на дојка и факторите на ризик кои можат да ги зголемат шанси за добивање на болеста.

Што предизвикува рак на дојка?

Едноставно кажано, ракот на дојката се јавува кога клетките на дојката растат абнормално. Истражувачите ги припишуваат овие промени на комплицирана интеракција на генетски и еколошки фактори, иако кај некои пациенти не е познато што ја предизвикало нивната болест.

Абнормалните клетки се делат, се акумулираат во маси или грутки и се шират (метастазираат) на други делови од телото, како што се лимфните јазли.

Повеќето карциноми на дојка кај жените и мажите започнуваат во млечните жлезди. Други видови на рак започнуваат во други клетки на ткивото на дојката.

Исто така, важно е да се наведат генските мутации овде. Истражувачите проценуваат дека околу 5 до 10 проценти од карциномот на дојка се јавуваат поради наследни генетски мутации кои се пренесуваат од генерација на генерација преку ДНК.

Најпознатите мутации кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка се познати како BRCA1 и BRCA2. Тоа се всушност туморски супресорни гени кои, кога функционираат правилно, ги спречуваат клетките во ткивото на дојката да растат до абнормална големина. Но, кога овие гени имаат мутација и не функционираат правилно, тоа го зголемува ризикот од рак на дојка и јајници.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, една од 500 жени има мутација на гените BRCA1 или BRCA2.

Ризик фактори

Ризикот од добивање рак на дојка е поголем кај жените отколку кај мажите. Една од осум жени во САД има шанси да заболи од овој тип на рак, додека овој ризик постои за само еден од 800 мажи во САД.

Сè уште не се знае многу за факторите на ризик за рак на дојка кај мажите. Иако се идентификувани неколку генетски и еколошки фактори кои можат да играат улога, повеќето мажи немаат познат ризик освен возраста. Просечната возраст на која се дијагностицира рак на дојка кај мажите е 71 година.

Многу повеќе се знае за факторите на ризик за жените. Сепак, важно е да се напомене дека овие фактори на ризик не значат дека жената дефинитивно ќе добие рак на дојка, исто како што нивното отсуство не значи дека жената никогаш нема да ја добие оваа болест.

1. Возраст

Ризикот од добивање на рак на дојка се зголемува како што стареат жените, па затоа на жените над 40 години им се препорачува да прават мамограф еднаш годишно.

2. Пол

Жените имаат многу поголем ризик за развој на рак на дојка од мажите.

3. Лична и семејна историја

Лична историја на лобуларни карциноми (абнормални клетки во млечните жлезди или ткивото на дојката) или атипична хиперплазија (неканцерозни промени во клетките на дојката) го зголемува ризикот од рак на дојка. Историјата на рак на едната дојка исто така го зголемува ризикот од развој на рак на другата дојка. Исто така, ако некој во вашето семејство имал рак на дојка, ова исто така го зголемува вашиот ризик.

4. Консумација на алкохол

Колку повеќе жената консумира алкохол, толку е поголем нејзиниот ризик да добие рак на дојка.

5. Зрачење

Ризикот од добивање на рак на дојка се зголемува ако некое лице примило третман со зрачење во пределот на градниот кош во детството или младоста.

6. Возраст на прва менструација

Ако жената ја добие првата менструација пред 12-годишна возраст, таа има поголем ризик да добие рак на дојка.

7. Возраст на менопауза

Ако жената влезе во менопауза по 55-годишна возраст, таа има поголем ризик да добие рак на дојка.

8. Возраст на прво породување

Прво породување по 30 години го зголемува ризикот.

9. Бременост

Жените кои никогаш не биле бремени имаат поголем ризик да добијат рак на дојка во споредба со жените кои биле бремени еднаш или повеќе пати.

10. Хормонална терапија

Хормоналната терапија за менопауза, особено секој тип на терапија која комбинира естроген и прогестерон, го зголемува ризикот од развој на одредени видови на рак на дојка.

11. Телесна маса

Повисокиот индекс на телесна маса (BMI) е поврзан со поголем ризик од рак на дојка кај жените во постменопауза. Истражувањата покажуваат дека дополнителните масни клетки, кои произведуваат естроген, може да бидат одговорни за поголем ризик од рак на дојка.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе