Ед Ширан владее со музичките топ листи и предизвикува метежи каде и да се појави.
Славниот британски пејач вчера беше во барот O’Connor’s во Галвеј, но не за да се напие кригла пиво. Таму го снимаше спотот за новата хит песна Galway Girl.
За кратко време барот го преплавија стотици обожаватели кои сакаа да ѕирнат што се случува.
Ширан не ги пушти ни редовните муштерии да влезат во пабот, но секако, им се заблагодари на фановите за поддршката.