Што се случува во 2 секунди во питстопот на Ф1?
Застанувањето на питстоповите во Формула 1 се неверојатно кратки моменти: Возачот застанува, куп работници околу него почнуваат да работат и две секунди подоцна тркачкото возило продолжува со трката. Па што точно се случува и како овие луѓе успеаваат да завршат работа за 2 секунди?
Red Bull вели дека 18 луѓе работат на нивните питстопи и секој од нив има своја функција и смешна титула. Во видеото погледнете го објаснувањето за ова и каков изгледа оваа 2-секундна работа, во забавена снимка.