Што треба да јадете пред утрински тренинг?
Исхраната е многу важен дел од напорите да живеете здраво и да оформите и одржувате здрава телесна тежина и убаво обликувано тело.
Промената во исхраната е една од првите работи што ги правите кога ќе почнете со новиот начин на живот и сигурно сте забележале дека различна храна различно ви влијае врз начинот на вежбање и дава различни резултати во комбинација со вежбањето.
Појадокот е многу важен оброк, особено ако вежбате наутро, па слушнете ги советите на доктор Ентони Балдузи од The Fit Father Project за тоа како најдобро да ги испланирате вашите оброци.