Што знаеме досега за новиот сој на коронавирус што се шири во Англија?

Ненадејното ширење на новиот сој на коронавирус доведе до воведување строги мерки во областите каде што живеат милиони луѓе, како и забрани за празнични собири во Англија, Шкотска и Велс, а многу земји исто така забранија летови од Обединетото Кралство.

Како новиот сој стана најраспространета форма на вирус во делови од Англија за само неколку месеци?

Британската влада соопшти дека е „умерено“ сигурна дека овој сој на вирусот се шири побрзо, но истражувањата се во рана фаза и многу прашања остануваат неодговорени.

Зошто овој сој предизвика загриженост?

Постојат три причини зошто овој сој привлекува внимание:

- Брзо ги заменува другите верзии на вирусот,

- Мутацијата се наоѓа на дел од вирусот што е веројатно многу важен,

- Некои од овие мутации, во лабораториски услови покажаа поголема способност да ги заразат клетките.

Ова се причини зошто вирусот може брзо да се шири. Сепак, научниците сè уште не можат да бидат целосно сигурни. Исто така е можно новиот сој да стане доминантен бидејќи се најде „на вистинското место во вистинско време“ - како во Лондон, каде до неодамна не беа на сила најстрогите антипандемиски мерки.

„Потребни се лабораториски истражувања, но дали сме подготвени да чекаме со недели или месеци? Веројатно не во овие околности“, вели професорот Ник Ломан, пренесува BBC.

Колку брзо се шири?

Новиот сој првпат беше регистриран во септември. Во ноември, една четвртина од потврдените случаи во Велика Британија беа заразени со новиот сој на коронавирус, а бројката порасна на скоро две третини до средината на декември.

URL

Математичарите се обидоа да утврдат колку е заразен новиот сој, но наидоа на проблем кога требаше да се утврди колку мутација на вирусот е одговорна за ширење на инфекцијата, а колку однесувањето на луѓето.

Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека новиот сој може да се прошири и до 70 проценти побрзо, што може да го зголеми бројот R (кој покажува дали се шири пандемијата или не) за 0,4.

Д-р Ерик Волц од Универзитетот во Лондон во петокот одржа презентација, велејќи дека е сè уште рано да се утврди точниот процент.

„Од она што го видовме досега, се шири многу брзо, побрзо од кога било, но важно е да продолжиме да го следиме“, рече д-р Волц.

Научниците, чии трудови сè уште не се објавени, дадоа проценки за BBC кои беа значително повисоки или пониски од 70 проценти.

Професорот Џонатан Бол, вирусолог на Универзитетот во Нотингем, сепак е повнимателен во своите проценки.

„Количината на докази во јавниот домен е недоволна за да се извлечат цврсти заклучоци за зголемено пренесување на вирусот“, рече Бол.

Колку се има рaширено досега?

Се смета дека новиот сој на вирусот потекнува од пациент од Велика Британија или е увезен од земја што има послаба способност да следи мутации.

Новиот сој може да се најде низ целото Обединето Кралство, освен во Северна Ирска, но фокусот е во Лондон и во југоисточните и источните краишта на Англија. На остатокот од островот не е забележано поголемо зголемување на бројот на заразени лица.

URL

Податоците од Nextstrain, кој ги следи генетските кодови од вирусни примероци, покажуваат дека случаите пријавени во Данска и Австрија се увезени од Велика Британија. Случаи заразени со новиот сој се забележани и во Холандија. Сличен сој што се појави во Јужна Африка дели некои од мутациите, но засега се чини дека не се поврзани.

Дали ова се случило и претходно?

Да. Вирусот што првично беше регистриран во Вухан не е истиот вирус што се наоѓа на повеќето места низ светот.

Мутацијата D614G се појави во Европа во февруари и стана глобално доминантна форма на вирусот.

Вториот сој, наречен A222V, се прошири и во Европа, веројатно поради туристите кои летуваа во Шпанија.

Што знаеме за новите мутации?

Првичната анализа на новиот сој откри 17 потенцијално важни промени во вирусот.

Една од мутациите, наречена N501Y, овозможува вирусот полесно да влезе во клетката.

Втората мутација, H69/V70, која веќе неколку пати се појави, меѓу другото и во случај на инфицирани куни, во лабораториски услови ја зголемува инфективноста на вирусот за двапати, рече проф. Рави Гупта од Универзитетот Кембриџ.

Студиите во кои тој учествувал покажуваат дека оваа мутација го намалува и влијанието на антителата од крвта на пациентите.

„Рапидно се забрзува, тоа ја загрижува владата, нè загрижува нас, повеќето научници се загрижени“, рече проф. Гупта за BBC.

Од каде потекнува?

Овој сој има невообичаено голем број мутации.

Најверојатно објаснување е дека се појавил кај пациент со ослабен имунолошки систем кој не бил во можност да го победи вирусот.

Сепак, самото зголемување на бројот на трансмисии е доволно за да се создадат проблеми за болниците. Доколку новата варијанта се прошири побрзо, повеќе луѓе ќе имаат потреба од болничко лекување.

Дали вакцината ќе делува на новиот вирус?

Речиси сигурно да, барем засега.

Сите три водечки вакцини напаѓаат различни делови на вирусот, затоа, без оглед на мутираниот дел од вирусот, вакцината сепак ќе биде ефикасна.

„Но, ако се појават нови мутации, тогаш треба да почнеме да се грижиме“, вели проф. Гупта.

„Вирусот е на потенцијален пат да стане отпорен на вакцината, ги направи првите чекори кон тоа“, додаде тој.

Во презентацијата што ја даде во петокот, проф. Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгов заклучи: „Вирусот најверојатно ќе создаде мутанти кои ќе бидат отпорни на вакцината“.

Ова ќе нè доведе во ситуација слична на онаа што ја имаме со грипот, каде што вакцините треба редовно да се прилагодуваат. За среќа, со вакцините што ги имаме во моментов, ова не треба да претставува голем проблем, заклучува BBC.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе