Пејачката Сиа на настапите секогаш го прекрива лицето со перики, а тој имиџ го објаснуваше со зборовите дека не сака луѓето да ја препознаваат на улица, туку да ја слушаат нејзината музика.
Сиа сега е фотографирана на аеродромот во Дубаи во нејзиниот природен изглед, а набргу потоа фотографиите станаа актуелни на интернет.
Таа доби безброј комплименти од корисниците, кои го пофалија нејзиниот свеж изглед.