Сигурни симптоми дека имате оштетување на црниот дроб

Специјалист предупредува да внимавате на овие симптоми на оштетување на црниот дроб.

Според Глобалниот институт за болести на црниот дроб, постојат околу 100 видови на заболувања на црниот дроб. И додека многумина ја поврзуваат оваа состојба со консумирање алкохол, повеќето луѓе кои страдаат од оштетување на црниот дроб никогаш не пиеле алкохол.

Најбрзо растечката болест на дигестивниот систем е неалкохолно замастување на црниот дроб (NAFLD), која произлегува од „модерниот начин на живот“. Статистичките податоци покажуваат дека оваа хронична болест на црниот дроб во западниот свет влијае на 34% од општата популација (25% од возрасната популација, па дури и 10% од децата), 55% од луѓето со дијабетес тип 2 и 75% од дебелите луѓе.

Се смета дека за околу десет години, поради зголемениот број луѓе со метаболички синдром, NAFLD ќе биде водечка индикација за трансплантација на црн дроб поради цироза на црниот дроб и примарен рак на црниот дроб (хепатоцелуларен карцином).

Црниот дроб е еден од клучните органи за варење и постојано ги елиминира токсините од нашето тело. Исто така, филтрира крв од цревата и ги обработува и складира хранливите материи што се претвораат во енергија. Процесот на детоксикација што го изведува црниот дроб има два чекори - првиот е да се произведат одредени ензими кои ги прават токсините помалку лоши за нашето тело, додека вториот чекор ги комбинира овие токсини со молекули што ги прави лесни за исфрлање од телото. Со други зборови, црниот дроб е многу зафатен орган и клучен за варење, кој поради зголеменото внесување на токсини во телото, исхраната или од околината, може да работи бавно.

Дијабетес

Ова е состојба која често се поврзува со заболување на црниот дроб, посочува експертот, д-р Стивен А. Харисон. Тоа е состојба кога телото не е во состојба да го контролира шеќерот во крвта, што значи дека ќе има премногу шеќер во него.

Прекумерна дебелина

Дебелината е уште една состојба карактеристична за луѓето кои имаат оштетен црн дроб. Според Центарот за контрола и превенција на болести, околу 42 проценти од Американците се сметаат за прекумерно дебели, односно имаат индекс на телесна маса над 30.

Хипертензија

Хипертензијата е висок крвен притисок дефиниран како вредност на систолниот „горен“ крвен притисок трајно поголем од 140, или дијастолниот „понизок“ крвен притисок трајно поголем од 90. Хипертензијата се нарекува „тивок убиец“, бидејќи честопати нема очигледни симптоми. Покрај оштетувањето на крвните садови, високиот крвен притисок може да го оштети и мозокот, очите и бубрезите. Според д-р Харисон, тоа е еден од трите главни состојби поврзани со заболување на црниот дроб.

Acanthosis nigricans

Болестите на црниот дроб честопати клинички ќе се манифестираат преку различни проблеми со кожата, а еден од нив е Acanthosis nigricans. Името го добила по темнокафеавите, темносивит или црни слоеви кои се формираат околу наборите на кожата или меките ткива. Најчесто се појавува на пазувите, препоните или вратот, а затемнетата кожа исто така може да се задебели.

Пајажина од вени

Пајажина од вени е појавата на видливи мали крвни садови на површината на кожата, кои се препознаваат како виолетови, сини или црвени линии. Тие се слични на проширените вени, но се помали во дијаметар и не можат да се почувствуваат. Почесто се јавуваат кај жените отколку кај мажите и можат да бидат предизвикани од различни фактори, вклучувајќи историја на болести, проблеми со циркулацијата, возраст, бременост, изложување на сонце и дебелина, но исто така може да бидат и проблеми со кожата поврзани со оштетување на црниот дроб.

Жолтица

Се случува кога црниот дроб веќе не е во состојба да произведува билирубин, природна хемикалија произведена од црвените крвни зрнца, па се акумулира во очите и на кожата. Ова е симптом на посериозни заболувања на црниот дроб, а исто така може да дојде и до откажување на органот.

Надуеност

Ова може да биде уште еден знак за напредна болест на црниот дроб - зголемена надуеност околу стомакот или долните екстремитети, истакнува д-р Харисон.

Ментални потешкотии

Болестите на црниот дроб, исто така, може да се манифестираат во менталното здравје, па може да забележите дека сте заборавиле или веќе не сте „целосно свои“.

Што да направите кога ќе ги забележите овие промени?

„Ако забележите некој од овие симптоми, задолжително побарајте медицинска помош веднаш, и сите тестови што ќе ги направите ќе покажат дали се работи за заболување на црниот дроб“, советува Харисон.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе