Симптом на рак на простата што го игнорираат 43% од мажите

Повеќе од една четвртина од мажите стануваат ноќе за да уринираат, но само една петтина сфаќаат дека тоа може да сигнализира проблем со простатата, според новото истражување од британската болница „Крал Едвард VII“.

Околу 20 отсто од мажите претпоставуваат дека прекинатиот сон предизвикан од потребата за мокрење има врска со простатата, но 29 отсто тоа го припишуваат на возраста. Загрижувачки е тоа што 43 отсто од мажите не би посетиле лекар поради тоа.

И треба, бидејќи почестата потреба за мокрење, особено во текот на ноќта, се смета за еден од знаците за рак на простата.

Како и кај секој рак, симптомите на рак на простата треба да се третираат веднаш штом ќе се појават за да ги зголемат шансите за излекување.

Затоа лекарите ги повикуваат мажите да одат на лекар доколку забележат некаков знак што може да укажува на проблеми со простатата.

„Нема ништо што може да нè шокира“, изјавила урологот Керолин Мур, пренесува Express.

Кои се симптомите на рак на простата?

Повеќето мажи во раните фази на рак на простата не доживуваат никакви симптоми. Дури кога туморот расте и напредува, симптомите почнуваат да се појавуваат. Има и случаи кога заболените мислат дека симптомите се други, бенигни заболувања. Ова е загрижувачко бидејќи доцнењето на дијагнозата значи и одложување на лекувањето.

Некои од вообичаените симптоми вклучуваат често мокрење, слаб млаз при мокрење, ненадеен нагон за мокрење и чувство дека мочниот меур никогаш не е празен, дури и по мокрењето. Може да се јави и досадна болка во грбот, колковите и карлицата. Други знаци на напреднат рак на простата вклучуваат необјаснето губење на тежината и болна ејакулација и крв во спермата.

Според клиниката Мајо, мажите на возраст од 50 или повеќе години, мажите со прекумерна дебелина и оние со семејна историја на рак на простата се изложени на најголем ризик.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе