Симптоми кои укажуваат на рак на грлото на матката

Првиот месец од годината веќе традиционално е посветен на теми поврзани со ракот на грлото на матката, а оваа година Европската недела за превенција од рак на грлото на матката се одбележува во неделата од 16 до 22 јануари.

Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена ѝ се дијагностицира овој карцином. Поразително, преку 300.000 жени годишно умираат од рак на грлото на матката. На глобално ниво, на секои две минути, една жена умира од оваа болест која е водечка причина за смрт од рак кај жените во околу 40 земји.

Приближно 90% од сите смртни случаи од рак на грлото на матката се во земјите со низок до среден приход, односно, девет од 10 смртни случаи се застапени во земјите со ваков приход. Без имплементирање на постоечките превентивни стратегии засновани на докази, смртните случаи од рак на грлото на матката сигурно ќе се зголемат за дополнителни 50% до 2030 година.

Во земјите со високи приходи, девојчињата имаат можност да се вакцинираат против хуманиот папилома вирус (ХПВ), а жените редовно се прегледуваат и рано се лекуваат за какви било предканцерозни лезии – две важни превентивни мерки за рак на грлото на матката. Како резултат на тоа, до 80% од ракот на грлото на матката може да се спречи. Спротивно на тоа, има ограничен пристап до превенција и рано откривање во земјите со низок до среден приход. Сепак, дури и со воспоставените програми за скрининг, 55% од земјите со ниски приходи немаат пристап до услуги за радиотерапија и хирургија, кои се клучни за успешно лекување на ракот на грлото на матката.

За разлика од повеќето други видови, ракот на грлото на матката се јавува на малку помлада возраст. Според последните податоци од Регистарот за рак, во 2019 година, третина од новодијагностицираните жени биле на возраст под 50 години, а ракот на грлото на матката е се почест кај жените на возраст од 30 до 39 години. Важно е да се напомене дека ракот на грлото на матката може во голема мера да се спречи со вакцинација против ХПВ и да се открие во многу рана фаза, што во последните неколку години доведе до значително намалување на стапката на смртност од оваа болест во развиените земји.

Ракот на грлото на матката е малигно заболување кое се развива во делот на матката што се отвора во породилниот канал. Тоа се случува кога ќе се појават непоправливи промени во клетките што го обложуваат грлото на матката и тие почнуваат неконтролирано да растат поради долготрајна инфекција со високоризични типови на ХПВ.

Симптоми кои укажуваат на рак на грлото на матката

Според најновите податоци од клиниката Мајо, постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на рак на грлото на матката:

  • вагинално крварење после сексуален однос, помеѓу менструации или после менопауза
  • воден, крвав вагинален исцедок кој може да биде обилен и со непријатен мирис
  • карлична болка
  • болка за време на сексуалниот однос

Секој од овие симптоми, предупредуваат лекарите, е знак на тревога и посета на лекар со цел да се направат сите потребни тестови и да се исклучи можноста за рак на грлото на матката.

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе