Синер полн со самодоверба: Малкумина можат да го победат Ноле, а јас сум еден од нив

Италијанскиот тенисер Јаник Синер смета дека во овој момент не постојат многу играчи што можат да го победат Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, но исто така смета дека тој е еден од тие малкумина.

Моментално деветтиот тенисер на АТП ранг-листата, кој е 14 години помлад од освојувачот на 23 Грен слем титули, нагласува дека обожава да игра против Србинот, бидејќи со играњето против шампион каков што е Ѓоковиќ може многу да се научи.

„Новак Ѓоковиќ е најголемиот фаворит за освојување на Вимблдон. Тој игра сјајно, полн е со самодоверба, ја подига играта на едно високо ниво и во овој момент нема многу играчи што можат да го победат. Без лажна скромност, мислам дека јас сум во таа мала група“, вели Синер.

„Одлика на врвните играчи е во тек на натпреварите брзо да се прилагодуваат на противникот и да ги искористат сите негови маани. Така Ѓоковиќ играше против мене. Затоа обожавам да играм против него, бидејќи во таквите дуели може многу да се научи, бидејќи играјќи против него и сам стануваш подобар тенисер“, додаде Италијанецот со германско потекло (тој е од Јужен Тирол каде живее германско малцинство и правилниот изговор на неговото презиме на германски е всушност Зинер).

Јаник потенцираше и дека му се восхитува на Новак затоа што и на 37 години и натаму е физички одлично подготвен, како и на фактот што без проблем се носи со деценија помпладите тенисери.

„Понекогаш се прашувам како е можно некој што има 36 години да може да биде во таква форма во каква што е Ѓоковиќ. Ние младите играчи треба да се угредаме на него и да се обидеме да му се доближиме што е множно повеќе, бидејќи не знам дали е реално некој да биде како него“, заврши тенисерот од североисточниот крај на Италија.

реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе