СЕРИЈА А 2022/2023

Синоќа играше против Рома, денеска доби 5 години затвор

Армандо Ицо, фудбалер на калчолигашот Монца, е осуден на 5 години затвор во скандал со обложување...

Во средата играше на натпреварот против Рома цели 90 минути, а во четвртокот Армандо Ицо (31) дозна дека е осуден на 5 години затвор во Првостепениот суд во Неапол поради обложување на фудбалски натпревари и учество во организиран криминал.

Спорниот натпревар се одигра на 17 мај 2014 година во Серија Би помеѓу Модена и Авелино, за кој Ицо настапуваше во тоа време. Според италијанскиот Sky Sports, Ицо бил обвинет дека влијаел на натпреварот со двајцата соиграчи Франческо Милези и Лука Пини, односно дека примил поткуп од неговиот братучед Умберто Акурсо и неговиот брат Антонио (кои се членови на кланот Ванела Граси од Камора).

Поточно, браќата му ветиле и доставиле 30.000 евра на Милези за да подмитат други соиграчи. Антонио Акурсо се обложил со 400.000 евра во име на кланот дека Модена ќе постигне гол, за добивка од 60.000 евра. Модена го доби натпреварот со 1:0.

Според обвинението, Ицо го прифатил ветувањето за сума пари „како компензација за да се оствари резултат кој не е резултат на правилното и правично управување со наведеното натпреварување“.

Во исто време, тој беше ослободен од истото кривично дело на натпреварот меѓу Авелино и Реџина одигран на 25 мај 2014 година.

Во своето соопштение Монца застана до играчот, додавајќи дека неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, а се огласи и самиот Ицо:

„Многу сум разочаран од оваа пресуда. Бев ослободен бидејќи не направив никакво кривично дело на мечот Авелино - Реџина, но бев обвинет за натпреварот Модена - Авелино на кој не ни играв. Причините за ваквата одлука ќе ги прочитам со адвокатите и ќе поднесам жалба. Верувам во правдата и сигурен сум дека ќе докажам дека сум невин. Ви благодарам на Монца и моето семејство“.

Ицо е роден во Неапол, а фудбалската кариера ја започна во Наполи. Подоцна играше за Триестина, Авелино, Џеноа и Торино од каде сега е на позајмица во Монца. Сезонава е стандарден во редовите на тој тим. За репрезентацијата на Италија има 3 настапи, сите во 2019 година.

реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе