Синот на Марадона бара Барса да го повлече дресот со бројот 10

Синот на Диего Марадона побара од Барселона да ја повлече десетката која во овој клуб ја носеше неговиот татко, а денес стои на грбот на Лео Меси.

Диефо Синагра побара каталонскиот клуб да го стори тоа, но засега нема најави за такво нешто. Со години дресот со бројот 10 го има Лионел Меси кој викендот направи убав потег за да оддае почит на Марадона. Имено, тој го соблече дресот и под него откри друг дрес, односно десетката која Марадона ја носеше во Њуел'с Олд Бојс.

„Многу ме погоди тој потег. Ова беа многу емотивни денови. Гестот на Лео беше посебен, многу убав. Навистина ме трогна, ме расплака. Потоа и она со Наполи, победата на Химнасија, па она што се случи во Бока Жуниорс, каде беше и Далма. Сите беа емотивни“, рече Диего Синагра говорејќи за Marca.

„Дресот со бројот 10 треба да го повлечат клубовите каде настапуваше. Мислам дека тоа е правилно, вклучително и Барселона. Нема збор за тоа“, изјави тој прашан околу тоа дали бројот на неговиот татко треба да замине во историјата.

Инаку, Аргентина десетката едно време ја повлече од репрезентацијата, по повлекувањето на Марадона во 1994 година, но наиде на проблем кај ФИФА. Имено, според правилата на ФИФА за настап на големите турнири, како на пример Мундијалите, сите препрезентации мора да пријават 23 играчи и тоа со броевите од 1 до 23. Аргентинците сакаа место десеттката да употребуваат 24, но не им беше дозволено.

Од клубовите каде играше Марадона, само Наполи ја има повлечено десетката и тоа уште летото 2000 година. Во Севиља моментално таа стои на грбот на Иван Ракитиќ, Во Бока е кај Карлос Тевес, во Њуелс' е кај Мауро Формика, во Архентинос ја има Дамјан Батажини, а во Барса е кај Меси.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе