Сиријците масовно се пријавуваат во руската војска, војуваат во Украина за 7.000 евра

Б.С.Б.
/ 31.03.2022 / 11:04

Социјалните мрежи во Сирија се преплавени со барања за луѓето да им се придружат на руските трупи во Украина, за плата од 7.000 евра во првата борбена линија, пишува BBC.

Економијата во Сирија е во длабока криза, а моменталната војна во Украина уште повеќе ги зголеми цените на основните животни намирници.

Поранешен војник на сирискиот режим во разговор за BBC изјави дека се пријавил за регрутација во руската војска и планира да замине за Украина. Главната причина за тоа е сиромаштијата.

„Моето семејство не сака да одам, но морам за да ги прехранам. Сепак, шансите да преживеам таму се многу мали“, вели тој.

Според податоците кои Русија ги објави, досега во војната во Украина загинале 1.315 војници, но Западот смета дека таа бројка е значително поголема.

Русија и порано го поддржуваше нивниот режим во граѓанската војна, а сега Сиријците сакаат да возвратат. Украинските власти соопштија дека Русите отвориле 14 центри за регрутација во Сирија.

„Јас лично познавам барем 200 луѓе кои се пријавија за регрутација. Повеќето од нив се пријавија од една причина – за да му обезбедат храна на семејството“, додава војникот.

За Сиријците има две понуди – првата е борба на првата линија за 7.000 долари и борба на другите фронтови за 3.500 долари.

Русија соопшти дека се пријавиле 16.000 доброволци од Блиски Исток.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Read more
 

Вести

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе