Германскиот град Остелсхајм во неделата избра сириски бегалец за свој градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите, објави агенцијата dpa.
Дваесет и девет годишниот Ријан Алшебл, кој побегна од Сирија во 2015 година, се кандидираше како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг.
Своите искуства во предизборната кампања ги опишува како „главно позитивни“.
Кога имал 21 година, Алшебл побегнал од својот роден град Сувајда во Јужна Сирија. Според асоцијацијата на општини на Баден-Виртемберг, досега на изборите за градоначалник немало други кандидати со сириско потекло.
На изборите во неделата, Алшебл ги победи непартиските кандидати Марк Штраус и Матиас Феј.